Шер се огласи во врска со наводите дека ангажирала луѓе да го киднапираат нејзиниот син

од Stefanija Kuzmanovska

Минатиот месец светските медиуми објавија дека, наводно, пејачката Шер се обидела да го организира киднапирањето на сопствениот син.

Имено, како што пренесува „Дејли мејл“, поранешната сопруга на синот на пејачката, Мари Кинг, тврдела дека еден од четворицата мажи кои го киднапирале нејзиниот тогашен сопруг ѝ кажал дека бил ангажиран од Шер.

Мари рече дека тоа се случило на нивната годишнина од бракот, кога „се обидувале да го спасат бракот“, во ноември 2022 година.

Пејачката сега за првпат се огласи на оваа тема и ги демантираше споменатите наводи.

„Тие гласини не се точни“, изјави таа за People, но одби да коментира повеќе.

Сепак, таа додаде дека тоа е „приватно семејно прашање поврзано со проблемите со зависноста на нејзиниот син“.

„Јас страдам од проблем што го имаат милиони луѓе во САД. Јас сум мајка. Ова е мојата работа – на еден или друг начин да се обидам да им помогнам на моите деца. Направете сè за вашите деца. Секогаш кога можете да им помогнете, само правете го тоа бидејќи тоа значи да се биде мајка“, додала пејачката зборувајќи за односот со синот.

 

„Но, тоа е радост, дури и со болка во срцето – главно, кога размислувате за вашите деца, само се насмевнувате, ги сакате и се обидувате да бидете тука за нив“, заклучи Шер.

Потсетуваме, како што претходно се зборуваше за инцидентот, пејачката била загрижена за својот син кој имал проблеми со зависноста и сакала да интервенира за да го спаси.

„Речиси секое утро и попладне синот на Шер, Илајџа, беше виден пред хотелот, или потпрен на ѕид или како седи на тротоар и пуши. Ќе излезеше со цела цигара и додека да ја испушеше веќе ќе се онесвестеше. Секогаш изгледаше како да е на нешто. Беше напнат и разбушавен, како бездомник кој живее на улица“, рекол извор за „Дејли Мејл“.

Шер подоцна ангажирала негувател да се грижи за нејзиниот проблематичен син, кој често го напуштал хотелот и талкал по улиците.

„Негувателот седеше на влезот од хотелот и чекаше да види каде е и што прави Илајџа“, велат вработените.

Работите се вжештија на денот кога Шер наводно планирала да интервенира за да го спаси нејзиниот син. Но, пред да го стори тоа, персоналот на хотелот го нашол како лежи со лицето надолу на тротоарот што води до влезот на хотелот, со рацете покрај него. Персоналот го кренал и го внел внатре. Два дена подоцна, полицијата пристигнала и го однела Илајџа од хотелот, а потоа бил вратен на рехабилитација.

Слични содржини