Вчерашната статистика на Министерството за здравстви покажува 48 нови случаи од 387 тестирања. Починати се четири лица, а оздравеле 61 пациент.
Во моментов најголем број активни случаи има во следниве градови:
• Скопје 6901, активни 681
• Куманово 1748, активни 181
• Прилеп 670, активни 131
• Тетово 1425, активни 169
• Струмица 234, активни 151
• Кочани 349, активни 152
Според податоците на институтот за јавно здрвје според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Штип, Дебар, Куманово, Македонски Брод, Тетово, Скопје и Гостивар. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=213, 22,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=176; 18,5%), 30-39 (n=173; 18,2%), 40-49 (n=149; 15,7%) и 20-29 (n=147; 15,5%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=37; 3,9%) и 10-19 години (n=56; 5,9%).
Во моментов во земјава се активни 2303 случаи на заразени со Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 17 674 заболени лица, оздравени се 14 642 лица, а починаа 729 како последица од вирусот.
Министерот за здравство, Венко Филипче, напомена дека најризичен период кој следува со коронавирусот е месец јануари.
„Јануари е периодот кога ќе заврши циклусот од два месеца кога луѓето ќе бидат затворени, односно ќе има интензивна комуникација во затворени простории. Исто така планираме ширење на стратегијата, во однос на тестирањето, со еден вид масовно тестирање, преку новите тестови кои ќе се набават“, изјави Филипче.
Тој е категоричен дека полициски час нема да има на ниво на држава, без оглед на епидемиолошката слика.
„Можеби само во одредени општини или населби, но казни за неносење маска мора да има, бидејќи за него е неприфатливо да не се почитуваат мерките“, заклучи Филипче.