Шидер: Да се вклучат европски историчари во решавање на дијалогот меѓу Софија и Скопје

од Nikola Popovski

Известувачот за С. Македонија, Илхан Ќучук и европратеникот Андреас Шидер изразија надеж дека ќе продолжи дијалогот со Бугарија, особено по формирањето на новата бугарска влада.

Европратеникот Шидер рече дека билатералните прашања не треба да се користат како изговор за блокирање на разговорите со Македонија за нејзиниот напредок кон ЕУ.

„Не сум убеден дека историскиот спор, често поткрепен со лажни аргументи, помага да се обликува заедничката иднина“, рече тој.

„Можеби треба да најдеме двајца или тројца европски историчари на високо ниво, кои ќе се вклучат во Заедничката комисија, за да водиме вистинска историска дебата, без никакви домашни политички димензии. Тоа би било добро решение да се стави прашањето во научна рамка, надвор од секојдневната политика и медиумските информации, бидејќи не им е местото таму таму“.

Известувачот за напредокот на Македонија, Илхан Ќучук, бил категоричен дека треба да се стави крај на националистичката реторика и двете страни да се фокусираат на прагматични прашања.

„Во спротивно, идните генерации ќе не укорат“, додал тој, објавија бугарските медиуми.

Слични содржини