Шилегов: Автомобилите ќе може, но нема да мора да се оставаат на влезот во Скопје

од Vladimir Zorba
107 прегледи

  На граѓаните кои со возила доаѓаат од другите градови во Скопје ќе им биде овозможено да ги паркираат на паркинзи на влезот од Градот и потоа да користат градски превоз. Тоа во никој случај не значи дека ќе им се забрани со нив да влегуваат во главниот град, рече градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Вели дека претходните информации дека ќе се забрани влез во Скопје на возила од другите градови не биле точни.

– Park nad Ride e систем кој е на доброволна основа и нема намера да стопира влез со возила во Скопје за граѓаните од другите градови. Скопје како што доликува на европските метроли, на граѓаните кои доаѓаат од другите градови, а дневно влегуваат и по 40 илјади автомобили, да им понудиме можност тие да ги остават на влезот во Скопје и да ги користат услугите на јавниот транспорт, рече Шилегов.

Ова рече, е систем кој постои во сите големи нормални европски градови.