Шилегов: Очекуваме следната недела да се отвори „Лајка“

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска соопшти дека имале мал застој во доопремувањето на стационарот „Лајка“ поради вонредните состојби и епидемијата.

– На крај сме таму, се заврши со целосно опремување, деновиве треба да имаме надворешно уредување на целиот тој локалитет и негово уредување. Очекувам следната недела конечно тој капацитет да го ставиме на располагање на граѓаните на Скопје, рече Шилегов на прес-конференција одговарајќи на прашање во однос на стационарот.

Тој вели дека имајќи ја предвид и програмата што ја имаат очекува за неполна година дека стратешки ќе се реши проблемот со бездомните кучиња во градот.