395
Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов информираше дека на денешните седници на највисоките партиски органи на СДСМ, нема да се разговара за оставката на претседателот на партијата, Зоран Заев.
-Имаме многу состојби за дискусија. Ковид-кризата, енергетската криза, политичката состојба. Тие се темите и потоа ќе донесеме соодветни заклучоци. Немам информација дека ќе се расправа за оставката на Заев. Мислам не е тоа на дневен ред. Ќе се зборува за влезот на Алтернатива во владатаи и извесно е дека тоа ќе се случи. Ова е редовна седница и беше планирана пред 15 дена и очекувам во тој контекст да се движи, рече Шилегов пред седиштето на владеачката партија.