Шилегов: Покривот на Домот на Градежници добива нов изглед, ќе прерасне во нов урбан јавен простор

од Andreja Salpe

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на Домот на Градежници и истакна дека запуштениот и руиниран покрив на Дом на Градежници добива нов изглед и ќе прерасне во нов урбан јавен простор за граѓаните на град Скопје.

Тој изрази голема благодарност до Кралството Холандија и до заменик амбасадорот на Холандија, кој беше присутен на настанот.

– На 400 метри квадратни се насадени повеќе од 30 различни видови садници. Овој објект се наоѓа во Малиот ринг каде што многу ни е потребно зеленилото. Ќе се намалат температурите на воздухот. Вложени се 18 милиони денари инвестиција на Градот. Постарите генерации скопјани се сеќаваат дека на овој простор се емитуваа филмови, ова беше летно отворено кино, така што планираме летово да организираме летно немо кино, односно со слушалки ќе се прати претставата што ќе се емитува, изјави Шилегов.

Слични содржини