Ништо не се постигнува лесно и брзо, како што најавува Арсовска, туку со многу работа, планирање и долгорочно вложување. Проектите нудат решение на проблемите и во наредните 50 години. Тоа не се реализира брзо, ниту лесно, како што вели ВМРО-ДПМНЕ, изјави градоначалникот и кандидат на СДСМ за Скопје, Петре Шилегов на митингот на партијата во салата „Борис Трајковски“.
Според него, Скопје веќе се менува.
-Нови 4 булевари, еден завршен и еден отпочнат мост, започнат тунел, паркови, 110 км велопатеки и затоа гордо кажува во следните 4 години, Скопје целосно ќе се промени. Скопје ќе биде град, кој што ќе биде без гужба во сообраќајот. Ако за 4 години, успеавме да го намалиме загадувањето за една третина, уште за 4 години веќе нема да биде тема на разговор во нашето Скопје, рече Шилегов и ги запраша присутните:
-Заборавивме ли на Коце Кабана? Заборавивме ли на потрошените милиони за палми и жални врби? Заборавивме ли на насилствата и потребите? Заборавивме ли дека ја немавме сигурноста во нашета живеење? Скопје не е ВМРОвски град. Скопје не е СДСМовски град. Тоа е град на граѓаните, на нас и вас, на луѓето што живеат во него, истакна Шилегов.