Шилегов за „повлекувањето“ на Заев: Не е притисок доколку не се победи во Скопје

од Nikola Popovski

Не е притисок. Оваа изборна кампања се обраќам кон граѓаните на Скопје и сум горд што изградивме заедничко Скопје и она на што сум особено горд е дека за првпат делови од градот се чувствуваат како вистински дел од Скопје, вели градоначалникот на главниот град и кандидат на СДСМ за нов мандат, Петре Шилегов, одговарајќи дали чувствува притисок откако премиерот Зоран Заев најави можна оставка ако СДСМ не победи во Скопје.

Тој вели дека е убеден дека граѓаните ги препознаваат стратешките политики.

-Ниту јас шефувам кон моите партиски другари, ниту Заев шефува кон мене или некој друг од партијата, рече Шилегов.

Слични содржини