Шокантна снимка на интернет: Воспитувачка им наредила на 4-годишни деца да каменуваат друго дете за да го казни

од desk2
87 прегледи

На интернет се појави снимка која прикажува како една воспитувачка им наредува на шест четиригодишни деца да фрлаат камења врз друго дете “за да ја научи лекцијата”.

Застрашувачкиот настан наводно се случил во Форест Сити во Арканзас, кон крајот на април оваа година.

Полицијата соопштила дека добила мејл со снимка на која се гледа како децата каменуваат друго дете по барање на учителката. Снимката ја испратила друга учителка која била сведок на настанот.

Таа раскажала дека нејзината колешка му рекла на детето да седне. Наводно четиригодишното дете зело камен и го фрлило на подот, по што учителката им наредила на останатите деца да го каменуваат за да ја научи лекцијата.

На снимката се гледаат шест деца како фрлаат камења врз детето кое клечи и плаче.

https://tocka.com.mk/vesti/269027/sokantna-snimka-na-internet-vospituvacka-im-naredila-na-4-godisni-deca-da-kamenuvaat-drugo-dete-za-da-go-kazni