Група медицински сестри во Саудиска Арабија се отпуштени од работа откако се прошири снимка на која се гледа како на мало бебе му ја стискаат главата.

Новороденчето било во болница поради уринарна инфекција, а на снимката се гледа како една сестра му ја стиска главата со двете раце, а се слуша и како се смеат.
Родителите на бебето се ужаснати од третманот во болницата.
Трите вработени во родилиштето во Таифа, се идентификувани и избркани од работа, а одземена им е и дозволата за работа.
„Сите три сестри треба да му благодарат на Бога што не сум мајка на бебето. Би ви ја притиснала главата многу појако“, вели еден коментар на социјалните мрежи.