ШОКАНТНИ СНИМКИ: Се урна висококатница во Доха, се трага по преживеани

од Stefanija Kuzmanovska

Висококатница се урна во Доха, главниот град на Катар, при што загина најмалку едно лице, додека спасувачите се уште трагаат по преживеани.

Министерството за внатрешни работи на Катар соопшти дека станува збор за четирикатница во населбата Бин Дурам и дека седум лица го преживеале уривањето.

Од жителите на областа е побарано да се евакуираат заради нивна безбедност.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека алармите на автомобилите се вклучиле по уривањето, бидејќи дел од зградата паднал во близина.

Слични содржини