Шокантни детали за масакрот на крвавиот Дедо Мраз во клубот во Истанбул (ВИДЕО 18+)

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Напаѓачот стрелал со “калашников”, викал на арапски јазик,   и по него се уште се трага

Турскиот министер за правда Бекир Бождаг даде официјална  изјава во врска со нападот во клуб Реина, во кој за време на празнувањето на Нова година терорист облечен во костум на Дедо Мраз, стрелаше врз гостите. Како  резултат на нападот се убиени најмалку 39 лица, повредени се над 60.
“Ниту една напад нема да разбие нашето единство”, рече во својата изјава Бождаг.

Турскиот весник Hürriyet го цитира сопственикот на клубот Мехмет Кочарслан, кој рече дека мерките за безбедност   биле особено засилени во последните 10 дена, откако американската  разузнавачка служба пријавила можноста за терористички напад.

Кочарслан рече уште дека напаѓачот користел “Калашников”. То ја  поддржува тезата на преживеани при атентатот дека напаѓачот пукал со неколку оружје. Тоа е и првата детал за видот на употребуваното оружје. Претходно градобаќалникот  на Истанбул велеше  дека при крвавиот  масакр била користенао “долгоцевно оружје”.

Истанбулскиот клуб Реина е популарно место меѓу турската секуларна младина се наоѓа во еден од најпрестижните населби на градот. Лоциран е на брегот на Босфор од европската страна на градот и има тераса, која виси над водата. Најбогатите посетители на клубот по принцип пристигнуваат со бродови, за да се забавуваат во неколкуте  ресторани и на подиумот.

Меѓу ѕвездени гости на ресторанот биле Кевин Коснтер, Ума Турман, Салма Хајек и Стинг.

Министерот за здравство Реџеп Акдаг соопшти дека четворица од 69-те повредени се во “сериозна состојба”, а меѓу повредените има неколку странци.

Министерот за внатрешни работи на Турција соопшти дека бројот на убиените странци при нападот падна на 15. Притоа тој истакна дека допрва треба да бидат идентификувани уште десетина жртви.

Според зборовите на Сулејман Соллу, нападот била вистински масакр , нечовечко дивкаштво. Според него, напаѓачот го го напуштил клубот во различни облека, од  со која  влегол  во клубот..  

Сојлу рече уште дека напаѓачот, најверојатно, дејствувал сам. Претходно беше соопштено дека напаѓачот бил ликвидиран од полицијата. Според зборовите на Сојлу, напаѓачот сеуште се бара, што пак е спротивна на претходните информации. Затоа, осум часа по крвопролевање, деталите околу сторителот се уште остануваат нејасни.

Меѓу убиените има и еден полицаец. Наводно, тој бил првата жртва на напаѓачот.

Наводно, терористот активирал шок  бомба пред почетокот на нападот, а потоа мирно распалил од своето оружје.

Турскиот њуз сајт “Виргил” истакнува дека за време на нападот терористот викал на арапски јазик.

Турските власти повтроно наметнуваат  медиумска цензура  за покривањето на атентатот, за да се спречи ширењето на паника меѓу населението.