Шолц се сретна со Радев, не дадоа изјави по средбата

од Vladimir Zorba

Германскиот канцелар Олаф Шолц оствари средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев при посета на земјата. Двајцата разговарале приватно, и не беа дадени никакви изјави.

Пред да биде примен од шефот на државата, Шолц околу еден час разговарал со премиерот Кирил Петков, по што двајцата дадоа заеднички изјави.

Германскиот канцелар рече дека „силно го поддржува“ почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ и гледа можности за напредок по ова прашање до крајот на јуни, кога завршува француското претседателство со Советот на ЕУ.

Петков од своја страна рече дека Бугарија може да го укине ветото само доколку добие европски гаранции дека Скопје ќе го спроведе Договорот за добрососедство и ќе ги вклучи Бугарите како народ што ја гради во својот Устав.

Слични содржини