Шоу на Меси во Бразил, Аргентина е во полуфиналето на Копа Америка

од Stefanija Kuzmanovska

Вечерва беа комплетирани сите полуфинални парови на јужноамериканскиот шампионат. Аргентина го совлада Еквадор со 3:0, па ќе се бори против Колумбија за финале, додека вториот полуфинален дуел се состои од селекциite на домаќините Бразил и Перу.

Лионел Меси беше во центарот на вниманието на натпреварот Аргентина-Еквадор.

Ненадминливиот магионичар ги „уби“ Еквадорците со две асистенции и погодок од слободен удар, ja потврди својaтa класa и го однесе својот тим чекор понапред кон пехарот кој се чека во Аргентина од 1993 година.

Најблаго речено, Меси доминираше во Гвајана, сè во напаѓачката игра на „Гаучосите“ се вртеше околу него, а неговите чувари беа беспомошни додека се обидоа да го фатат и да го спречат да игра.
Секој обид за таа цел беше осуден на нив, а Меси само танцуваше…

Слични содржини