Шпанија е прва земја во Западна Европа со повеќе од 800.000 заразени

од Vladimir Zorba

Шпанија стана првата земја во Западна Европа што забележа повеќе од 800.000 случаи на заразени со коронавирус, објави шпанското Министерство за здравство.

Во соопштението се наведува дека за време на викендот, уште 23.480 лица биле позитивни на вирусот, што го зголеми вкупниот број на заразени лица на 813.412 од почетокот на ширењето на инфекцијата.

Министерството посочува дека уште 139 лица починале од петокот, 2 октомври, и дека вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Шпанија се зголеми на 32.225.

Слични содржини