Шпанска пливачка бесна на организаторите на ОИ: Синот што го дои не смее да биде со неа!

од Nikola Popovski

Капитенката на шпанскиот олимписки тим во синхронизирано пливање, Она Карбонељ денес се пожали на „драстичните мерки“ на организаторите, кои ѝ оневозможија да го донесе своето бебе на Игрите во Токио.

„Морав да го напуштам мојот 11-месечен син, и покрај најавите дека ние, спортистите, можеме да патуваме на Игрите во придружба на нашите мали деца“, напиша таа на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ona Carbonell (@ona_carbonell)

Карбонељ истакна дека организаторите ја известиле за мерките поради кои таа морала да патува без нејзиниот син.

„Откако добив безброј пораки за поддршка да одам во Токио со Каи, морам да го изразам моето разочарување затоа што на крајот ќе морам да патувам без него“, рече таа.

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) минатиот месец објави дека на мајките што дојат ќе им биде дозволено да патуваат со своите деца, по поплаките од канадската кошаркарка Ким Гаучер и американската фудбалерка Алекс Морган.

Карбонељ неведе дека натпреварувачките би морале да го напуштат „балонот“ на олимпиското село со цел да ги дојат своите деца и со тоа да го зголемат ризикот од инфекција, ставајќи ги во опасност себе си и членовите на нивниот тим.

Слични содржини