Шпански истражувачи добија „смешен Нобел“ за откритието дека децата „пејат и танцуваат“ во матката

од desk2
233 прегледи

Истражувачи од Шпанија се меѓу добитниците на наградата „смешен Нобел“ за откритието дека бебињара пејат и танцуваат додека се во матката кога ќе слушнат музика низ „музички тампон“.

Добитниците беа објавени во четврток вечер во Универзитетот Харвард во САД, а смешниот Нобел е награда како алтернатива на познатиот Нобел, кој ги препознава „достигнувањата кои прво ги насмеваат луѓето, а потоа ги поттикнуваат на размислување“.

Четворица истражувачи од Институтот Маркез заеднички ја добија наградата од областа на гинекологијата затоа што покажаа дека фетусите посилно реагираат на музика пуштена електромеханички преку вагината отколку на музиката која ја слушаат преку стомакот на мајката.

Исто така, тие докажаа дека бебињата може да слушаат и да реагираат на музика по 16 гестациска недела, десет недели порано отколку што се мислеше, но само ако музиката е вагилно пуштена.

Во студијата озработена во 2015 година се гледаат 3D снимки како бебињата отвораат уста и мрдаат со јазикот додека слушаат музика, како да сакаат да пејат.

Фетусите реагираат на музиката како и ние ако ја слушаат вагинално, а само како шумови ако е пуштена преку стомакот. Тие слушаат и како работи срцето на мајката, кога таа шепоти, но и чукањето на штиклите по скалите, но го перцепираат како шум.

Други добитници на смешниот Нобел годинава се пронаоѓачи на градник кој лесно може да се претвори во заштитна маска, британски истражувач кој го анализира прашањето „Зошто старите луѓе имаат големи уши?“, и тим кој користел технологија за скенирање на мозокот за да измери како различни луѓе се згрозуваат од мирис на сирење.

Исто така, едни научници докажаа дека свирењето на диџериду, абориџинскиот инструмент, помага за престанок на рчењето.

 

Вистинските Нобелови награди ќе почнат да се објавуваат на 2 октомври.

Слични содржини