Шпански медиуми: „Меси бараше премногу од Барселона“

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалерот Лионел Меси побарал од челниците на Барселона тригодишен договор во 2020 година, но челниците на каталонскиот клуб не сакале да се согласат со барањата на аргентинскиот репрезентативец, пишува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

„Меси ја напушти Барселона во летото 2021 година, во солзи кои го обиколија светот. Тој тогаш изјави дека не се согласува за продолжување на соработката со клубот во кој ја мина целата своја кариера. Тој повеќепати изјави дека направил се за да остане во Барселона. Меѓутоа, Меси бараше премногу од Барселона една година пред тоа, кога почнаа преговорите за продолжување на соработката“, наведува „Мундо Депортиво“.

Шпанскиот весник објави серија мејлови меѓу таткото на Меси, Хорхе и извршниот директор на Барселона, Оскар Грау, кои во текот на 2020 година преговарале за продолжување на договорот меѓу аргентинскиот репрезентативец и каталонскиот клуб.

Слични содржини