Шпанско село се избори за топлес на базен

од desk2
119 прегледи

Жените од едно село во близина на Барселона се изборија да можат топлес да одат на јавен базен.

Жените од селото Ламетља дел Ваљас изгласаа со 61 отсто дека на базен може да доаѓаат во топлес. Право на глас имаа жените постари од 16 години, а од нив 379 излегоа на гласање.

Гласањето го организира локалната Каталонија, па резултатот е правно легален.

Жителките на ова село одлучија дека треба прашањето со топлес да го решат со гласање, бидејќи минатата година две жени биле натерани да облечат горен дел од костимот за капење.

Случајот поттикна протест кај селаните, кој во знак на поддршка на базенот доаѓаа во горен дел од костими за капење на кои беа исцртани брадавици.

Селото има 8.000 жители и оддалечено е 35 километри северно од Барселона.