Матерјалната штета од катастрофалниот земјотрес, што Албанија ја погоди утрото на 26 ноември минатата година, е проценета на повеќе 985 милиони евра.
Бројката ја соопшти министерот Бледи Чучи во последниот извештај за проценка, што, како што рече, завршил на 30 јануари.
– Околу 90 странски и домашни експерти на 30 јануари го комплетираа извештајот, што е подготвен според сите стандарди на Европската унија, Светската банка и ОН и со идентична методологија што се користи во други природни непогоди во светот. Се работеше без престан 45 дена, период во кој е завршена проценка на над 50.000 објекти. Експертите проценија штета во износ од 985.074.906 евра, изјави Чучи.
Додаде дека 26 ноември 2019 година ќе биде запаметен како еден од најтешките денови за земјата и нејзините граѓани.
-Овој датум ќе биде запаметен како еден од најтешките денови за нас Албанците. Во катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,4 степени загинаа 51 лице, беа повредени 900 и раселени околу 17.000 луѓе од оштетените домови. Вкупно 202.291 луѓе се погодени од оваа природна непогода во 11 единици на локалната самоуправа ,нагласи Чучи.
Министерот искажа голема благодарност за „придонесот и огромната солидарност“ покажана веднаш по земјотресот.
-Голема благодарност за придонесот и огромната солидарност што пристигна од нашите меѓународни пријатели, партнери, соседи без што не би било лесно да се справиме со ситуацијата во Драч, Лежа и Тирана. Една недела по катастрофата, албанската Влада побара поддршка од Европската унија, Обединетите нации и Светската банка да започнат уште еден исклучително важен процес заедно, сеопфатна проценка на потребите по катастрофата, со што ќе се идентификуваат штетите, загубите и потребите за закрепнување од последиците од земјотресот, рече Чучи.
Најави дека е подготвена програма за обнова, додавајќи дека земјата е убедена дека Меѓународната донароска конфренција што ќе се оддржи во Брисел, на 17 февруари, ќе ја покаже солидарноста.
На денешната презентација на извештајот присуствуваше и амбасадорот на делегацијата на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца.
Европската Комисија на почетокот од декември одлучи да даде 15 милиони евра за Албанија за санирање на штетите од разорниот земјотрес