Што е малцинска влада и како функционира?

од desk2

ДУИ синоќа одлучија да ги дадат потписите на СДСМ, со кои партијата ќе може да го добие мандатот за составување на нова влада, откако претходно потписите ги дадоа и Беса и „Алијансата за Албанците„.

ДУИ во понеделник ќе одлучува дали ќе влезе во новата влада или ќе подржи малцинска влада предводена од СДСМ.

vlada14-860x680-1

Што подразбира малцинска влада?

Овој термин е малку познат во македонската јавност. Досега во Македонија немало таков случај, зошто сите партии што формирале владина коалиција имале мнозинство во Собранието.

Моделот на малцинска влада подразбира дека една од партиите формира или предводи коалиција што ќе формира влада.

Но партиите што ќе влезат во владата ќе немаат мнозинство во парламентот, туку ќе зависат од поддршката на други партии што не би биле вклучени во формирањето на извршната власт.

Тоа преведено би значело дека ДУИ ќе нема министри и други високи функционери, евентуално би имала единствено функционери во вториот или третиот ешалон и би била на некој начин во опозиција, но би давала подршка на владината програма и закони кои ќе ги предлага владата.

Случаи на формирање на малцинска влада имало во Бугарија и Србија, а моментално има во Данска и Шпанија.

Како би функционирала?

Формирањето на малцинска влада има позитивни и негативни страни. Тоа пред се значи помала политичка стабилност на Владата, а од друга страна пак се ограничува можноста за еднострано одлучување, односно одлуките се носат преку пошироки компромиси.

Извор: Емагазин

loading...

Слични содржини