Што е подобро? Разликата меѓу сапун и антибактериски гел

528 прегледи

Сапунот и антибактерискиот гел се наменети за различни околности. Иако е добро да имате гел при рака, додека патувате, ништо не е поефикасно како темелно перење на рацете со обичен сапун и вода.

Дејството на сапунот

Можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека сапунот не ги убива микробите.

Миењето на рацете не ги убива бактериите, но го намалува нивниот број на рацете. Сапунот и водата повеќе влијаат од сретствата од гелот, особено кога вашите раце се видно мрсни или валкани. По јадење, занимавање со спорт или коа едноставно рацете ви се извалкани, антибактерискиот гел нема да биде многу влијателен.

Се препорачува рацете да ги изводените, а потоа да ги измиете темелно со сапун најмалку 20 секунти, а идеално е една минута. Обавезно чистете под ноктите, горната страна на дланките и измеѓу прстите.

Откако ќе нанесете сапун, рацете мијте ги под чиста вода што тече, а потоа избришете ги со чиста крпа. Бидејќи бактериите лесно се пренесуваат на водени раце, важно е веднаш да ги исушите. Сапунот и водата го спречуваат и ширењето на вирусите и бактериите на другите луѓе.

Дејството на сретствата за дезинфекција на рацете

Антибактерискиот гел е добра „резерва“ кога немате пристап до сапун и вода. Но потребна е одговарачка техника за да делува.

Нанесете го гелот на дланката од едната рака и темелно тријте по целата површина на дланките се додека не бидат суви. За едно такво миење користите препорачана количина која е означена на производот.

Сретството за чистење раце делува при убивање на некои микроби, но не на сите. Од овие бактерии/инфекции не може да ве заштити:

-Cryptosporidium – Паразитска инфекција која може да предизвика гастроинтестинални и проблеми со дишењето.

– Norovirus – Вирусна инфекција која може да предизвика повраќање и дијареа.

– Clostridium difficile – Бактериска инфекција која може да предизвика цревни пореметување и воспаленија.

Сретствата на база на алкохол би требало да содржат најмалку 60 отсто алкохол. Најдобра концентрација е меѓу 60- 95 отсто. Се што е помалку од тоа нема да ви биде од голема корист бидејќи наместо да ги искорените микробите, само го намалувате нивниот раст.

Претераното користење антибактериски гелови има и свои лоши страни. Можат да ви ги исушат рацете, па потоа да испукаат или крварат. Сретствата на база на алкохол можат да предизвикаат труење со алкохол, доколку се голтнат, затоа чувајте ги понастрана од дофат на деца.

Слични содржини