Што ги прави персиските мачки толку посебни?

од Elena Daskalova

Иако е факт дека сите мачки се прекрасни и посебни, одредени раси имаат уникатни карактеристики кои ги прават уште попосебни меѓу сите останати.

Персиските мачки се една од најомилените раси, најпрво поради неодоливиот изглед, долговлакнесто крзно и округла и сплескана фаца, а потоа и затоа што се смирени, мрзливи и обожаваат да се галат.

Ова се неколку причини зошто да изберете персиска мачка за домашно милениче:

Имаат прекрасен карактер

Во најголем дел од времето, персиските мачки немаат проблем да бидат во друштво на луѓето. Ако некој им се допаѓа, тогаш му се „додворуваат“ и умилкуваат, но ако се чувствуваат спротивно на тоа, не се ни доближуваат. Сосема можете да очекувате од нив без размислување да си легнат во нечиј скут и да предат.

Имаат уникатни фацијални експресии

Поради самата физиономија на нивното лице, секогаш изгледаат како да се намуртени, додека мјаукањето е нежно и тивко. Тие постојано ги засмеваат своите сопственици, а кога трчаат, личат на мали облачиња.

Тивки се

Ако сакате мирно милениче, персиската мачка е идеална за вас. Генерално, тие се тивки, не прават бучава и често се многу поумерени и во јадењето, но и во комуникацијата со сопствениците.

Имаат прекрасно крзно

Боите се најразлични, од бела, кафеава, сива, црна, па и нивни комбинации. Крзното може да биде мазно и свилено или пак нежно како памук.

Ги чувате само дома

Препорачливо е персиската мачка да се чува во домашни услови. Расата е таква што не е агресивна и во друштво на уличните пријателчиња не би се снашла добро. Од практична гледна точка, не постои ризик за повреди или потенцијални заразни заболувања.

Слични содржини