
Доволен е брз поглед на топлес фотографиите на рускиот претседател, за да признаеме дека на 65 години тој изгледа прилично добро. Но, како ја задржува таквата форма?
Неговата диета може да има врска со тоа, пишува Russia Beyond. Тој управува со најголемата земја во светот речиси со празен стомак.
Руската јавност секогаш е љубопитна што јаде претседателот Владимир Путин, затоа Russia Beyond го открива одговорот на ова прашање.
Претседателски појадок
За појадок претседателот јаде каша, творог (урда) со мед, а исто така пие сурови јајца.
Тоа го објавија новинарите од каналот НТВ, кои беа присутни за време на појадокот со Владимир Путин во 2012 година. Тие додаваат дека Путин сака да пие коктел од цвекло и сок од рен.
Неколку години подоцна рускиот лидер изјави за новинарите дека му допаѓа оризот и леќата, но не и овес.
„Немам многу време за јадење“, рече тој, „Ми се допаѓа зеленчук: домати, краставици, салата. Наутро-каша, урда, мед. Ако можам да избирам помеѓу месо и риба – сакам риба, ми се допаѓа и јагнешкото“, рече тој и додаде дека не сака многу слатко, иако од време на време со задоволство јаде сладолед.

Ручек на патот
Путин патува низ целата земја и пошироко. Она што го јаде во движење е друга приказна.
„Кога одам некаде, со задоволство се обидувам да ја пробам локалната кујна. Навикнат сум со зелен чај …
Обично не вечерам, немам време. Попладне се обидувам да јадам овошје, да пијам кефир, ако го има; кога тоа го нема јас повеќе не сакам да јадам “, вели тој.
Пред неколку години во Санкт Петербург во ресторанот „Подворие“ направија специјално мени – „Ручекот на Владимир Путин“, во кое се нудат омилените јадења на претседателот.
Тој таму беше многу пати и обично си порачува асортиман на месо наречен „тава“, кој вклучува говедско месо, колбаси, шницла и домашни котлети. Зависник е и кон топла пушена есетра со лимон и масло.
Секој пат кога Путин појадува со новинари, изборот на јадење се претвора во темата на денот. На пример во 2003 година на кафе во Калининград, наречено „На патот“, тој порача уха (рибино супа), пита со црвен кавијар, пушена јагула и палачинки со јагоди. А, во 2008 година, за време на патување до Татарстан, тој избра салата, пилешка супа со кнедли, говедско месо со ориз и пита.

Што Путин пие?
Во 2010 година, главниот готвач на Кремљ Анатолиј Галкин вели дека Путин преферира вино или пиво. Готвачот го сподели тајниот рецепт за специјален коктел кој го пијат гостите на официјалниот прием: многу мраз, капка сок од лимон, нане и 50 грама шампањ. Галкин е категоричен дека пијалокот навистина ја згаснува жедта. Некои медиуми исто тврдат дека претседателот е познавач на шпанските црвени вина. Очигледно сака и чашка вотка после јадење или коњак од Дагестан.
Вкусот на детството
Путин еднаш раскажа како мајка му „пекла пити со зелка, месо или ориз – и ватрушки (пити со варено сирење)“. Можеби ова ја објаснува неговата склоност кон пити.
Во книгата „Семејството на Путин“ на Александар Путин, објавена во 2002 година, авторот пишува за Спиридон Путин, дедото на рускиот претседател.
Тој работел како готвач во ресторан во Санкт Петербург, кој се наоѓал во близина на поморското министерство. „Во 1918 година го канат Спиридон да работи во Москва во владината кантина, каде што подготвува за Ленин и советската елита. Гласини се дека подоцна тој станува личен готвач на Сталин во владината резиденција во Валдано“, пишува во книгата.
Спиридон Путин умира кога внук му Владимир наполнува 12 години. Идниот претседател сепак имал среќа, бидејќи успева да јадете од рибината супа и јагнешкото со кавказски билки, кои дедо му ги набрал и ги подготвил додека тој се уште бил жив.