Што ќе свири Влатко како специјален гостин на СТИНГ (видео)

од desk4
203 прегледи

 

Светската музичка ѕвезда Стинг на 2 јуни годинава ќе настапи на градскиот стадион во Скопје. Концертот е во рамки на неговата турнеја „My songs“, а специјален гостин ќе биде Влатко Стефановски.

Од Авалон продукција информираат дека во рамки на настанот „Skopje Calling“, Стинг ќе понуди несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на „The Police“ и од соло кариерата.

– „Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само неколку од песните што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња. Според информациите што ги добивме, скопскиот концерт на Стинг е најпродаван од сите досегашни концерти што се објавени во рамки на неговата „My songs“ турнеја во Европа што трае три месеци, изјавија од Авалон.

Тој за пресот испрати и видео порака;

Sting пред големиот open air на Градски, со видео порака до Македонија! 🤩🥳

Публикувахте от Avalon Produkcija в Понеделник, 20 май 2019 г.

Бобан Милошески од Авалон рече дека ова е нивниот најамбициозен проект и дека очекува околу 25 до 30 илјади публика, зашто како што рече, рокенролот е одбрана музика и тоа е реална посетеност за државата и блискиот регион.

Специјалниот гостин на концерот Влатко Стефановски вели дека Стинг отсекогаш му претставувал инспирација, и со неговото ново трио – Верзија три со едночасовен настап, ќе се обиде да ја подготви публиката за концертот на британската мега ѕвезда.

Запрашан  дали ке има посебен репертоар; Влатко рече дека сериозно се подготвува заради респектот кон Стинг, но и поради стадионската изведба која има свои специфики. ЧЕ има и некои постари песни кои се изборија а не сме ги пееле одмана, но и нови кои не сме ги свиреле рече Влатко.

Големиот македонски гитарист посочи дека секогаш ги сакал Стинг и Полис  а дека со дел од членовите имал и заеднички настап.

И јас и СТИНГ сме најблиску како пишувачи на песни, и тоа е многу поважно отколку свирењето техничката перфекција и брзина.

-Ќе имаме добра свирка особено што имам нова ритам секција нов басист и тапани зад кои ке седи мојот син кој во последно време ме воодушевува колку добро го прави тоа, рече виртуозот Стефановски.

Прес на Авалон за претстојниот концерт на STING

Публикувахте от MИА.mk в Вторник, 21 май 2019 г.

Слични содржини