ШТО МИСЛИ КРАЛИЦАТА ЗА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД? Елизабета II наскоро ќе испрати важна порака!

од Vladimir Zorba

Британската кралица Елизабета Втора треба да прими вакцина против Ковид-19 во следните недели, а потоа да открие дека го сторила тоа со цел да охрабри што е можно повеќе Британци да го сторат истото.

Сигурни извори блиски до кралското семејство тврдат дека кралицата Елизабета Втора (94) и нејзиниот сопруг принцот Филип (99) ќе стојат во линија со другите Британци без посебен третман во првиот бран на вакцинација планиран за граѓани на возраст од 80 и повеќе години, објави „Дејли Мејл“.

Кралскиот пар се очекува да прифати да се вакцинира по препорака на нивните лекари, но тоа ќе го сторат и јавно за да ги охрабрат Британците да се вакцинираат и да ги игнорираат теориите на заговор за штетноста на вакцинацијата против ковид-19.

Слични содржини