Што научивме од „Медена земја“? Разлики меѓу дивиот и комерцијалниот мед

од Elena Daskalova
583 прегледи

Преку филмот „Медена земја“, кој е снимен во Македонија и се бори за Оскар во две категории, дознавме за една досега малку позната страна на пчеларството и производството на див мед.

Оттука се поставува прашањето која е разликата меѓу медот собран на тој начин и оној кој се произведува за комерцијална употреба. Најпрво треба да се напомене дека дивиот мед уште се нарекува и сиров и секако, постои разлика меѓу него и обичниот кој масовно се произведува. Секако, дивиот го има во помали количини, бидејќи дел мора да се остави за пчелите, како што можевме да научиме од самата Атиџе.

Дивиот мед се процедува директно од саќето, а во тегли се собира процеден преку газа или друга ткаенина, за да се исфилтрира од мртвите пчели и парчињата пчелин восок. Во него има голема концентрација на полен и природен шеќер. Овој мед може да се набави директно од одгледувачите, бидејќи не може да се продава во продавници, затоа што за тоа да се случи, мора да помине низ други производствени процеси.

Повеќе за овие разлики може да дознаете ТУКА.

Слични содржини