Што правеше Меланија Трамп за време на немирите на Капитол Хил?

од Nikola Popovski

Откако неговите приврзаници упаднаа во зградата на Конгресот, обидувајќи се да ја оспорат победата на демократскиот претставник Џо Бајден на неодамнешните претседателски избори во САД, Доналд Трамп бргу се огласи на социјалните мрежи (на кои во брзо време не му беше дозволен пристап), а истото го стори и неговата ќерка Иванка. За разлика од нив, Меланија не се огласи, па многумина се прашуваат што правела таа за тоа време.

Многумина се прашуваа каде била сопругата на Трамп за време на немирите, а Си-Ен-Ен дознава дека таа организирала фотографирање токму во Белата куќа во тоа време.

„Тие снимаа теписи и други работи во резиденцијата на претседателот и источното крило“, соопштил нејзин извор.

Меланија, наводно, сака да објави книга во која ќе се занимава со предметите што ги обнови од влегувањето во Белата куќа.

Додека бројни медиуми и јавноста се прашуваат дали Меланија ќе се огласи за упад во зградата на Конгресот, извор од Белата куќа за Си-Ен-Ен изјавил дека нема да има ништо од тоа.

„Таа повеќе не е психички или емоционално подготвена да се вклучи во тоа“, изјавил изворот.

Слични содржини