Што се случува ако одеднаш престанете да пиете кафе?

од Nikola Popovski

Кафето ја подобрува концентрацијата, расположението и невозможно е да се замисли почетокот на денот без него. Се разбира, под услов да се консумира умерено. Експертите советуваат дека ако сакате да се „збогувате“ со кофеинот, направете го тоа постепено.

Имено, кога телото ќе го исфрли целиот кофеин, може да настанат главоболки поради неговиот недостаток.

Покрај тоа, наглото намалување на кофеинот може да резултира со тешкотии во концентрацијата, наведуваат од клиниката во Кливленд. Затоа, препорачливо е наизменично да пиете обично и без кофеин, додека постепено целосно не преминете на кафе без кофеин.

Според порталот „Livestrong“, умерените количини на кафе можат да помогнат во одржувањето на здравјето на мозокот, но прекумерните количини можат да направат повеќе штета отколку добро.

Една неодамнешна студија, објавена во списанието „Nutritional Neuroscience“, покажа дека пиењето повеќе од шест шолји кафе дневно е поврзано со зголемен ризик од деменција, дури за 53 проценти. За здравите возрасни лица, 400 милиграми кофеин дневно се сметаат за безбедни, што е приближно четири шолји.

Исто така, се препорачува да не пиете кафе доцна попладне, бидејќи може да предизвика нервоза и да спречи релаксација пред спиење. Затоа, кофеинот треба да се избегнува најмалку шест часа пред спиење.

Исто така, кафето не треба да биде премногу слатко. Една студија од 2019 година, објавена во списанието „Clinical Interventions in Aging“, покажа дека прекумерната потрошувачка на шеќер кај постарите лица е поврзана со лоши когнитивни функции. Мажите не треба да внесуваат повеќе од девет лажички екстра шеќер дневно, а жените повеќе од шест.

Слични содржини