Што се случува со фустаните на ѕвездите по Оскарите?

од Elena Daskalova
387 прегледи

Познатите дами на црвениот тепих на Оскарите секогаш се појавуваат во вредни, скапи и дизајнерски фустани, но секогаш постоело прашањето дали ги купуваат, изнајмуваат или пак, модните куќи им ги подаруваат.

Одговорот е, од сè наведено по малку. Некои актерки некогаш ги купуваат фустаните со кои се појавуваат на доделувањето на Оскарите, други изнајмуваат, трети нарачуваат уникатни дизајни, а модните куќи го користат сето тоа за да ги промовираат своите дизајни. На пример, на последното доделување на Оскарите, Шарлиз Терон и Кејт Бланшет носеа фустани направени специјално за нив. Терон е заштитно лице на Диор, а Бланшет на Амани.

Меѓу познатите дами постои суеверие дека ако си го купат фустанот, тоа се смета за лош вкус. Но, некогаш се подразбирало дека тие самите ќе си купуваат облека, тоа го правеле и Грејс Кели и Елизабет Тејлор. Дури при крајот на 90-тите дизајнерите сфатиле дека може да го искористат црвениот тепих како реклама, а прв тоа го применил Армани, а веднаш по него и Версаче.

Што се случува со фустаните потоа?

Правилото е дека ако дизајнерската куќа ѝ го позајмува фустанот на некоја актерка, таа треба да го врати по најмногу 48 часа по завршувањето на церемонијата. Многу од овие фустани добиваат на вредност откако некоја актерка ги носела, па ако на почетокот вределе 100.000 долари, потоа може да достигнат и цени од неколку милиони.

Дел од фустаните се изложени како експонанти во продавница на брендот, некои се во уметнички галерии, а некои актерки ги откупуваат и ги чуваат во своите приватни колекции. Најголема добиена вредност по носењето е фустанот кој Џон Галијано го направи за Никол Кидман.

Понекогаш, иако многу ретко, се прават уште примероци од тој фустан и може да се купи во соодветните продавници.

Секако, ги има и оние актерки кои пред церемонијата си купуваат фустани за себе, без воопшто да се грижат за маркетингот на брендовите.

Слични содржини