Што се случува со психата кога ќе престанете со вежбање?

од desk2

Џули Морган, докторантка на Универзитетот на Аделаида во Австралија, направи анализа на седум истражувања што го проучувале дејството на престанувањето со вежбање врз човечката психа.

Наглото престанување со вежбање може да доведе до засилени симптоми на депресија, покажа нејзината анализа.

Анализата опфаќа 152 возрасни испитаници кои вежбале најмалку три пати неделно по најмалку 30 минути во период од три месеци.

Во извештајот објавен во „Journal of Affective Disorders“ Морган вели дека дошла до заклучок дека во некои случаи имало засилување на симптомите на депресија и тоа за само три дена по прекинувањето со вежбање.

Кај други испитаници симптомите се јавувале недела или две недели по престанувањето со вежбање. Интересен податок е што жените оживувале поинтензивни симптоми отколку мажите.

Шефот на одделението за психијатрија Бернард Бауне кој исто така работел на истражувањето, вели дека симптомите на депресија се појавувале независно од другите биолошки маркери, но признава дека е неопходно да се спроведат понатамошни испитувања на темата пред да се дојде до конечни заклучоци.

„Засега е доволно луѓето да разберат дека има последици по душевното здравје по нагло прекинување со вежбање како рутина“, вели тој.

Слични содржини