Што се случува со вашата кожа кога ќе престанете да пиете кафе?

од Vladimir Zorba

Познато е колку кофеинот е корисен за нашата кожа, па затоа не е ни чудо што го има во многу производи за нега. Шолја кафе на ден ќе ви обезбеди доза што има изненадувачки ефект врз изгледот на лицето, а доколку го исфрлите целосно, може да остави видливи последици.

Ќе добиете повеќе мозолчиња

Кафето е природен антиоксиданс кој го намалува воспалението на кожата, а со тоа помага при појава на акни, но и при хиперпигментација.

Ќе имате повеќе целулит

Антиоксидативното дејство на кафето помага и во борбата против целулитот, бидејќи кофеинот влијае на проширување на крвните садови под кожата, со што се подобрува циркулацијата на крвта и со тоа се намалува целулитот.

Повеќе „старосни дамки“

Чаша кафе на ден ќе го забави појавувањето на „старечки дамки“, што особено се должи на хлорогената киселина, која е составен дел од кафето.

Розацеата ќе се интензивира

Розацеа е кожно заболување кое погодува милиони луѓе ширум светот. Тоа е црвенило на кожата што неколку шолји кафе на ден можат значително да го намалат.

Темни кругови, темни кругови

Кофеинот, исто така, влијае на регулирање на крвните садови кои се виновни за црните кругови под очите.

Побрзо стареење

Прекумерното количество кафе ќе ја дехидрира вашата кожа, но од друга страна, може да ја заштити од штетните ефекти на сонцето.

Слични содржини