Што ве прави попривлечни за комарците?

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Комарците ги избираат жртвите по многу специфични правила. Тие не делуваат на произволен принцип, туку сосема намерно, бидејќи се раководени од некои фактори, кои се кријат во човечките тела.

Добрата вест е дека некои од овие фактори може да бидат променети, со што ќе го направите телото помалку атрактивно за комарците.

Според голем број на студии, комарците се привлечени од следниве фактори:

1. На комарците им се допаѓаат луѓе кои издишуваат повеќе јаглерод диоксид, како и повисоки луѓе и бремени жени.

2. Тренинзите и физичката активност воопшто провоцираат ослободување на млечна киселина, која ги привлекува комарците како магнет. Млечната киселина се емитува преку потта.

3. Во мало истражување научниците дошле до заклучок дека комарците преферираат да касаат луѓе кои пијат пиво повеќе од останатите.

4. Луѓето кои имаат нулта негативна крвна група се попривлечни за комарците. Тоа е природен механизам кај овие инсекти, кој има за цел да го обезбеди нивното постоење од една едноставна причина – таа крвна група е најмногу распространета, затоа е лесно да се пронајде.

5. Некои специфични човечки гени ги тераат комарците да напаѓаат повеќе.

6. Луѓето со поголеми концентрации и варијации бактерии на кожата се поатрактивни за комарците.

7. Повторно од генетски и индивидуални причини, некои тела емитуваат повеќе примамливи материи за комарците отколку природно репелентни.

8. Комарците со маларија се многу попривлечени од бремени жени, отколку од сите други луѓе.

9. За жените е поверојатно да добијат поголеми и повеќе нервозни последици од каснувања отколку за мажите.