Шукова: Треба да бидеме многу внимателни кога даваме концесии во земјоделските делови од државата

од Vladimir Zorba

Мојот став во врска со експлоатирањето руди и минерални суровини е познат, меѓутоа мислам дека и нашите закони се такви, а и јавната свест е подигната и кај граѓаните и кај министерството, дека треба да бидеме многу внимателни кога даваме концесии, вели министерката за животна средина Каја Шукова во врска со стратегијата за минерални суровини на Министерството за економија, за која граѓански организации и експерти оценуваат дека се планира масовно давање концесии за користење минерални суровини и експортирање на минералните суровини во земјите на ЕУ.

Во Неделното интервју за Радио Слободна Европа, Шукова посочува дека МЖСПП ќе биде вклучено во процесот на креирање на стратегијата, со оглед дека има допирна точка со животната средина, ќе ја добие нацрт-верзијата кога ќе биде готова и дека, согласно закон, на стратегијата мора да се направи стратешка оценка на влијание.

-Случајот со Иловица од скоро ви е познат, познат е мојот став, а и ставот на граѓаните. Јас сум за тоа дека треба да одлучиме како држава, во регионите и деловите од државата каде што е развиено земјоделското производство и каде што сакаме да развиваме дополнително, бидејќи сме една од земјите лидери на користење на ИПАРД-средствата, таму треба да размислуваме сериозно дали треба да имаме нови концесии за минерални суровини или на руда. А во деловите на државата каде што немаме развиено земјоделско производство, таму зошто да не. Тоа е секако економска гранка којашто носи бенефит и од економски и од социјален аспект на државата. Меѓутоа, животната средина мора да ни биде приоритет, не треба да познава политика и треба сите сериозно да се занимаваме со неа, истакнува министерката.

Слични содржини