Шумскиот пожар во крајбрежните предградија на Атина ставен под контрола

од Stefanija Kuzmanovska

Шумскиот пожар во крајбрежните предградија на јужна Атина е ставен под контрола. Оштетени се неколку куќи во областа, соопштија грчките власти.

Црн чад од пожарот можеше да се види дури до Пиреја, на околу 20 километри.

Противпожарната бригада соопшти дека 72 пожарникари со 20 противпожарни возила и шест авиони помогнале да се стави пожарот под контрола.

Локалното население кое беше евакуирано претходната вечер се вратило во своите домови, пренесува „Катимерини“.

Слични содржини