Шумските пожари уништија рекордни 700.000 хектари земјиште во Европската унија

од Stefanija Kuzmanovska

Шумските пожари во Европската унија уништија рекордни 700.000 хектари земја досега оваа година, што е најголема површина од почетокот на евиденцијата, соопшти денеска Европската комисија.

„Ни претстои многу тешко лето во Европа, а оваа година изгореа повеќе од 700.000 хектари земја, што е најмногу во овој период од годината од 2006 година“, изјави европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со вонредни состојби, Јанез Ленарчич, пренесува „Еуроњуз“.

„Досега пет земји девет пати го активираа Механизмот за цивилна заштита на Европската унија, а земјите-членки покажаа невидено ниво на солидарност“, додаде тој.

„Ќе продолжиме континуирано да ја следиме ситуацијата преку нашиот координативен центар за одговор при итни случаи во Брисел и да ја мобилизираме сета потребна помош“, нагласи Ленарчич.

Слични содржини