108
Шведска го освои петтото место на Светското ракометно првенство кое се игра во Германија и Данска, откако ја совлада Хрватска со 34-28 (16-13).
Двете репрезентации веќе имаа обезбедено пласман во квалификациите за ЛОИ 2020 во Токио
Швеѓаните доминираа во натпреварот и како штоодминуваше времето така ја зголемуваа својата предност и на крајот заслужено триумфираа. Хрватска правеше премногу технички грешки во нападот, а ни одбраната не беше вечерва на ниво, па поразот се чинеше неизбежен.
Екберг со шест гола беше најпрецизен кај победниците, додека кај Хрватите се истакна Степанчиќ со 5.