Шведска ќе и даде на Украина дополнителни 6,5 милијарди евра воена помош

од Milan1

Шведскиот премиер Улф Кристерсон соопшти дека неговата земја ќе и даде на Украина дополнителни 6,5 милијарди евра воена помош распоредена во текот на три години за да се спречи инвазијата на Русија.

– Оваа поддршка ќе помогне да се финансираат долгорочни донации на дополнителен воен материјал и купување на нов материјал за директно снабдување од одбранбениот сектор во Украина, рече Кристерсон обраќајќи им се на Украинците додека го објавуваше пакетот помош во Стокхолм.

– Каузата на Украина е кауза на Шведска, додаде тој во видео објавено на Х.

Од почетокот на руската инвазија пред повеќе од две години, Шведска веќе состави 15 пакети воена помош за Украина, рече Кристерсон. Новата одбранбена помош треба да биде распоредена од 2024 до 2026 година, пренесува ДПА.

Според владата во Стокхолм, вкупната ветена воена и цивилна помош од Шведска ќе се зголеми на 100 милијарди шведски круни (9,3 милијарди долари).

– Со руската инвазија на Украина, безбедносната ситуација во Европа е најлоша од Втората светска војна, се вели во соопштението на шведската влада.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на Стокхолм за новата помош.

– Ова е навистина опипливо и ќе ги зајакне не само нас, не само Украина, туку и целиот европски регион од Балтичкото до Црното Море, рече Зеленски во видео порака.

Неутралната Шведска се приклучи на НАТО по руската инвазија и е еден од најголемите поддржувачи на Украина.

Слични содржини