Си украл ротационо светло од полициски автомобил

од desk2
167 прегледи

Британската полиција трага по момчето кое пред Нова година си украло сино ротационо светло од полициски автомоби, го нарамило и си заминало.

Секако, не му паднало на памет дека многуте камери може да го снимат.

На фотографиите може да се види момче кое си заминува со сино ротационо полициско светло, а при тоа изгледа задоволно заради тоа што го направило.

Инцидентот се случил на 26 денекви 2018 година околу 4.30 наутро.

Крадецот носи сини тренерки и црвени патики, а полицијата ги моли граѓаните да се јават ако имаат некаква информација за момчето.