„Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно“: Почина Александар Џамбазов

од Берта Китинска
356 прегледи

Легендарниот композитор и диригент Александар Џамбазов, на 85 годишна возраст го напушти овој свет, а информацијата за тажаната вест ја соопшти неговиот син познатиот актер Игор Џамбазов на социјалните мрежи.

“Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последниве 25 години… од денеска конечно со својата Анче… вечен нека ни е споменот на тебе маестро мој”, напиша Игор под објавената фотографија од својот татко.

Александар Џамбазов (роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина). Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо, Настапувал во земјава и во странство. Добитник е на голем број стручни награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.

Слични содржини