Сијамски близначки успешно одвоени по 6-часовна операција

од desk2
109 прегледи

Петнаесетмесечните девојчиња од Бутан, родени како сијамски близначки се добро, откако австралиски тимови хирурзи успеаја да ги одвојат.

Хирурзите во Австралија успешно ги раздвоија сијамските близначки од Бутан и велат дека девојчињата имаат големи шанси потполно да се опорават.

Нима и Дава Пелден биле споени со трупот и делеле ист црн дроб.

Главниот хирург Џо Крамери вели дека девојчињата добро се држат по шестчасовната операција.

Тој вели дека радосно е да се извести нивната мајка Бумчу Зангмо дека операцијата е успешна.

„Нема ништо лошо во која и да е операција да појдете кај родителите и да кажете дека сте можеле да се погрижите за нивното дете“, вели тој.

Нима и Дава растеле свртени една кон друга и не можеле да седнат заедно. Можеле да стојат, но само истовремено.

Близначките се донесени во Мелбурн минатата недела, но докторите до петокот ги чувале за да ја подобрат нивната исхрана.

Околу 18 специјалисти во два тима, по еден за секое девојче, учествуваа во процедуата во детската болница Мелбурн Ројал.