Сијарто: Меѓународната заедница со заеднички напори да го спречи ширењето на конфликтот на Блискиот Исток

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денеска изјави дека меѓународната заедница со заеднички напори може да спречи ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

„Не треба да заборавиме дека сегашниот конфликт започна со навистина брутален терористички напад пред месец и половина“, рече Сијарто на неформалната седница на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, пренесува МТИ.

Тој посочи дека спречувањето на повторување на „таков грозоморен напад“ е во интерес не само на Израел, туку и на целиот свет.

Слични содржини