Сијарто: НАТО да избегне директен конфликт со Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денеска го повика НАТО да направи се за да избегне директно вклучување во вооружениот конфликт во Украина и конфронтација со Русија.

Сијарто рече дека мора да се направи се за да се обезбеди НАТО да не стане страна во конфликтот.

„Не смее да се дозволи НАТО да влезе во директен конфликт со Руската Федерација“, изјави Сијарто во интервју за Си-Ен-Ен.

Шефот на унгарската дипломатија рече дека Будимпешта инсистира на тоа и се надева дека тоа ќе се почитува во иднина.

Слични содржини