Сијарто: Не е точно дека другите европски земји го отфрлиле плаќањето на гас во рубљи

од Vladimir Zorba

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто изјави дека и други западноевропски компании кои увезуваат гас во ЕУ го плаќаат рускиот природен гас во рубљи, во согласност со барањата на руската држава и добавувачите.

Компаниите кои увезуваат природен гас од Русија отвораат сметки во „Газпромбанк“, што не е предмет на санкции, рече Сијарто за време на посетата на унгарското малцинство во Словенија.

„Не е точно дека другите го отфрлија ова, тие се само помалку отворени за ова прашање“, рече Сијарто, апелирајќи до медиумите да не зборуваат за тоа дека Унгарија ја нарушува својата заедничка европска позиција со тоа што се согласи на таква трансакција.

Слични содржини