Сијарто: Унгарија е за мир и покрај сите осуди

од Stefanija Kuzmanovska

Како сосед на Украина, Унгарија се залага за најрано можно мирно решение и ќе продолжи да работи во таа насока, „и покрај сите осуди и напади“, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Сијарто во Советот за безбедност на Обединетите нации рече дека Унгарците веќе платиле „висока цена“ за војната во Украина, иако тие „не се одговорни“.

„Беше збунувачки зошто аргументите за мир на Унгарија не беа став на мнозинството“, рече тој, пренесе МТИ.

Зборувајќи по неговиот украински колега, Сијарто рече дека условите за првичните разговори насочени кон дипломатско решение се влошуваат од ден на ден и предупреди дека „колку подолго трае војната и колку повеќе оружје добива Украина, толку повеќе луѓето ќе страдаат и размерите уништувањето ќе биде поголемо“.

„Сакаме меѓународната заедница да испрати повеќе пораки за мир отколку оружје“, нагласи Сијарто.

Слични содржини