Сијарто: Унгарија никогаш нема да ѝ испорача оружје на Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија никогаш нема да ѝ испорача оружје на Украина, нагласувајќи дека колку повеќе оружје ќе биде испорачано, толку подолго ќе трае војната.

Тој во интервју за Си-Ен-Ен додаде дека унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин во октомври за да види дали има простор за мир во тековниот конфликт.

„Она што никогаш не сме го направиле и никогаш нема да го направиме е да испорачаме оружје, бидејќи сметаме дека наместо оружје треба да се донесе мир во овој регион. Колку повеќе оружје се испорача, толку подолго ќе трае војната, толку повеќе луѓе ќе гинат“, рече тој, пренесе ТАСС.

Според него, на територијата на Украина има значајна унгарска заедница.

„Постои постојана мобилизација на етнички Унгарци во украинската армија… и многу од нив веќе загинаа“, нагласи Сијарто.

Тој додаде дека треба да се зголемат напорите за да се постигне мир и да се изнуди дипломатско решение.

Слични содржини