Сијарто: Унгарија смета дека дијалогот со Русија мора да продолжи

од Stefanija Kuzmanovska

Унгарија се уште смета дека е неопходно да се зачуваат каналите за комуникација со Русија за да се продолжи потрагата по мирно решение на кризата во Украина, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто и додаде дека останува во контакт со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесе „Танјуг“.

„Главното прашање во моментов е како да се постигне мир во Украина. За да се постигне ова, неопходно е да се одржат отворени канали за комуникација. Ако престанеме да комуницираме, би изгубиле надеж за постигнување мир. Сметаме дека каналите на комуникација со Русија мора да останат отворени“, изјави Сијарто во интервју за TV Frans LCI, пренесува ТАСС.

Тој посочи дека Сергеј Лавров имал кратка средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен на маргините на Самитот на министрите за надворешни работи на Г-20 на почетокот на март во Њу Делхи.

„Го продолжувам дијалогот со господинот Лавров, бидејќи ако престанеме да разговараме, тогаш ќе ја изгубиме надежта за мир“, посочи Сијарто и изрази уверување дека украинскиот конфликт „нема да заврши на бојното поле бидејќи може да заврши само на на преговарачката маса“.

Слични содржини