Силен шумски пожар беснее на периферијата на Атина (ФОТО/ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Силен шумски пожар беснее на периферијата на Атина и се заканува да зафати куќи и далноводи, соопштија властите.

Силните ветрови го шират огнот, а густ чад се издига над јужните квартови на грчката престолнина, јавува „Ројтерс“.

Како мерка на претпазливост започна евакуација во некои делови од регионите Глифада и Вула, на околу 20 километри од центарот на Атина.

Слични содржини