Силен земјотрес ја погоди Албанија

од Aleksandar Petrovski

Албанија ја потресе земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот бил во близина на Елбасан.

Земјотресот е регистриран синоќа во 1 часот и 25 минути на длабочина од 20 километри.

– Според првите информации, никој не е повреден, ниту е пријавена материјална штета – соопшти надлежното Министерство.
Во последните 24 часа во Албанија се регистрирани 11 земјотреси со јачина од 2 до 4,5 степени според Рихтеровата скала.

Слични содржини